Background

Жестоки реакции на нумерата интонирана на форумот во Брисел

Контроверзната српска песна изведена на отворањето на Форумот на ЕУ за проширување во Брисел предизвика бура од реакции од регионалните политичари. Албанскиот премиер Еди Рама го осуди нејзиното изведување, додека поранешната косовска претседателка Вјоса Османи порача дека изразеното жалење од Европската комисија не е доволно и побара одговорност од организаторите.

– Не знам дали било намерно или поради незнаење, но во пресрет на овој настан беше изведена невкусна националистичка песна. И како дополнителна навреда, таа беше изведена под прекрасниот наслов „Мелодии на единството“ – рече Рама на форумот во Брисел.

Тој нагласи дека регионот треба да се ослободи од пораките што го враќаат во минатото и од националистичките мобилизации. Притоа упати и директна порака до Белград.

- Advertisement -
Ad image

– Колку побрзо Србија ги нормализира односите и ја признае Република Косово, толку подобро ќе биде за Србија и за сите останати – порача албанскиот премиер.

Османи, пак, на социјалната мрежа Икс оцени дека европските вредности не можат да се бранат со едната рака, а со другата да се поткопуваат. Таа праша кој ја избрал песната, кој го одобрил нејзиното изведување и кој ќе преземе одговорност.

– Ова не е музички избор без последици. Тоа е политичка порака со историја. Жалењето не е доволно. Кој ја избра, кој ја одобри и, најважно, кој ќе преземе одговорност? – напиша Османи.

Во дополнителна реакција таа ја критикуваше и косовската влада, оценувајќи дека нејзината политика ги оддалечила меѓународните сојузници и дека последиците од тоа ги трпи Косово.

Реагираа и други косовски политичари. Поранешниот министер за надворешни работи Енвер Хоџај оцени дека српскиот национализам нема место на европска сцена, додека лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Ардијан Ѓини, ја обвини владата на Албин Курти за неуспешна дипломатија и нарушување на односите со сојузниците.

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Рихо Терас, повторно побара објаснување од Европската комисија и комесарката за проширување Марта Кос. Тој оцени дека изведувањето на песна со српски претензии кон Косово на настан посветен на проширувањето на ЕУ е или намерна провокација или резултат на целосно незнаење.

Во меѓувреме, Европската комисија појасни дека песната ја избрале музичарите, а не Комисијата, и дека нејзиното изведување не ги претставува ставовите на европската институција за Косово.

Станува збор за песната „Са Косова зора свиќе“, позната и како „Ој Косово, Косово“, која беше изведена инструментално на концертот „Мелодии на единството“ во неделата вечерта во Брисел.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖