Жена почина од белодробна чума во регионот Иркутск, во Сибир, (источна Русија), објави синоќа регионален функционер, додека руските медиуми објавија дека десетици луѓе се во карантин.
Според локалните медиуми, од оваа заразна болест почината е 28-годишната лабораториска техничарка Дарија Шипилова.
Рускиот медиум „Народите на Бајкал“ (Peoples of Baikal) објави дека Шипилова работела во Институтот за превенција од чума во Иркутск и дека можеби добила белодробна чума преку скршена епрувета.
Во карантин се ставени околу 200 лица со кои можеби таа била во контакт, додавата локалните медиуми, без да дадат дополнителни детали.
Руското Министерство за здравство се уште се нема огласено за случајот.
Алексеј Циденов, гувернерот на руската област Бурјатије, претходно на социјалните мрежи објави дека жената од соседниот регион Иркутск „умрела од чума“.
Чумата е опасна инфективна болест предизвикана од зоонотската бактерија Yersinia pestis, која во зависност од начинот на пренос се манифестира во неколку различни клинички форми, од кои најпознати се бубонската и белодробната чума.
Додека најраспространетата, бубонска форма, се пренесува преку каснување од заразени болви и предизвикува болни отоци на лимфните јазли, белодробната чума е најтешкиот и највирулентниот облик кој ги напаѓа белите дробови и е единствениот што се пренесува директно од човек на човек по воздушен пат.
Доколку не се дијагностицираат навреме и не се третираат со итни антибиотици, и двата типа на болеста имаат исклучително висока стапка на смртност.
Најголемата и најсмртоносната епидемија на бубонска чума во историјата е позната како „Црна смрт“, која беснеела низ Евроазија и Северна Африка во периодот од 1346 до 1353 година. Оваа разорна пандемија збришала процентуално помеѓу 30% и 60% од целокупното население во Европа и однела проценети 75 до 200 милиони човечки животи. Болеста предизвикала масовен општествен колапс, пустошење на цели градови и села, но истовремено оставила трајни економски последици како недостиг на работна сила, што индиректно придонело за пропаст на феудализмот и зачеток на нови социо-културни реформи на континентот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
