Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го користи молдавскиот воздушен простор за летови кон Европа, избегнувајќи ја Полска поради затегнатите односи со Варшава во последно време, објавуваат украинските портали.
Според наводите, Зеленски претходно најчесто за меѓународни патувања го користел полскиот аеродром Жешов–Јасионка, кој од почетокот на конфликтот во Украина има важна логистичка улога за Киев и западните сојузници. Меѓутоа, вчера тој за Лондон отпатувал преку Кишињев.
Официјално објаснување за промената на рутата не е соопштено, но украинските портали наведуваат дека промената е последица на заострувањето на односите меѓу Украина и Полска.
Несогласувањата на релација Киев – Варшава се интензивираа кон крајот на минатиот месец кога Зеленски на украинска воена единица ѝ додели почесна титула „Херои на Украинската востаничка армија (УПА)“. Одлуката предизвика остри негодувања во Полска, каде Украинската востаничка армија се поврзува со масовни страдања на полското население за време на Втората светска војна.
Полските власти го оценија потегот како сериозна грешка и побараа јавно извинување од Киев. Во Варшава, според медиумските написи, се споменувала и можност за преиспитување на највисокото полско одликување што претходно му беше доделено на Зеленски.
Киев повика на продолжување на дијалогот и фокус на заедничките безбедносни предизвици, но новите информации за промената на рутата говорат дека односите меѓу Украина и Полска одат во надолна линија.
Инаку, во Лондон, Зеленски му порача на британскиот премиер Кир Стармер дека на Украина ѝ е потребно дополнително ракетно вооружување за системите за противвоздушна одбрана.
Тој наведе дека двајцата разговарале и за заштитата на украинската енергетска инфраструктура, како и за подготовките на земјата за претстојната зима.
Стармер вчера во Даунинг стрит беше домаќин на Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, на разговори посветени на европската поддршка за Украина и на напорите за ставање крај на војната.
Tagged as:
Шест лица се повредени во напад со ладно оружје на железничката станица „Пен“ во Њујорк
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
