Законот за заштита на децата ќе биде доработен

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По непотпишувањето на указот на Законот за заштита на децата од страна на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова вечерва од Владата информираа дека законот ќе се доработи и дека ќе биде доставен во Собранието во законските рокови.

„Како Влада информираме дека законот ќе се доработи и истиот ќе се најде пред пратениците согласно законодавните процедури“, се наведува во информацијата од Владата.

Пратениците го изгласаа овој закон на 24 декември, со обично и со Бадинтерово мнозинство. Со непотпишувањето на указот, сега законските измени се враќаат во Собранието, а доколку повторно бидат изгласани, претседателката ќе биде должна да го потпише указот.

Од Собранието за МИА потврдиле дека образложението на претседателката Сиљановска-Давкова е доставено на 31 декември.

„Одребите од Законот за заштита на деца кои се однесуваат на воведувањето на двојазичните лиценци се спорни и истите треба да се пресипитаат низ призма на аманданот 5 од Уставот и на Законот за употреба на јазиците“, наведува претседателката во образложението за одлуката да не го потпише указот за законот.

Share This Article