Вкупната вредност на извозот во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 7,832 милијарди долари и бележи пад од 5,4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10,988 милијарди долари што е за 0,2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 3,155 милијарди долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – ноември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.