Background

За Тел Авив се проблем острите коментари на Франциск за Газа

Израелската влада сподели, а потоа избриша објава со сочувство на социјалните мрежи за смртта на папата Франциск, без да ја наведе причината за тоа, јавија денеска британските медиуми.

Израелските медиуми го поврзаа ваквиот потег со критиките што покојниот папа Франциск ги упати кон раководството на еврејската држава поради војната во Газа.

„Почивај во мир, папа Франциск. Нека неговиот спомен биде благослов“, беше објавена во понеделникот проверениот налог „@Israel“ на платформата Икс, покрај сликата на папата додека тој беше во посета на Западниот ѕид во Ерусалим.

- Advertisement -
Ad image

„Јерусалим пост“ цитираше претставници во израелското Министерство за надворешни работи, кои, според весникот, изјавиле дека папата давал „изјави против Израел“ и дека сочувството е објавено на социјалните мрежи „по грешка“.

Папата Франциск (88), кој почина во понеделникот, во ноември минатата година предложи светската заедница да истражи дали израелската воена кампања во Газа е геноцид врз Палестинците, во некои од неговите најексплицитни критики за однесувањето на Израел во војната со Хамас што започна во октомври 2023 година.

Папата, исто така, во јануари хуманитарната ситуација во Газа ја нарече „срамна“, предизвикувајќи критики од главниот еврејски рабин во Рим, кој го обвини папата Франциск за „селективна огорченост“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation