Background

ЗА НЕКОЛКУ МИЛИМЕТРИ ИЗБЕГНАТО ЗАТВОРАЊЕТО НА НУКЛЕАРКАТА ВО УНГАРИЈА

Нивото на водата на Дунав во Унгарија беше толку ниско синоќа што речиси доведе до целосно исклучување на „Пакс“, единствената нуклеарна централа во Унгарија, изјави премиерот Петер Маѓар.

„Околу 1:30 часот ноќеска бевме на неколку милиметри од целосно исклучување на електраната „Пакс“, но потоа нивото на водата престана да паѓа и до утрото се искачи за 1,5 сантиметар. Последната турбина моментално работи безбедно“, напиша Маѓар на социјалните мрежи, објавува Гардијан.

Нуклеарната електрана работи со намален капацитет, нешто над 10 проценти, откако нивото на Дунав падна на рекордно ниско ниво, што го оневозможува обезбедувањето на нејзино правилно ладење.

- Advertisement -
Ad image

Унгарскиот премиер претходно објави дека последните активни реакторски единици во нуклеарната централа Пакс, јужно од Будимпешта, ќе бидат исклучени поради ниското ниво на водата на Дунав. Тоа би било прво целосно исклучување по 44 години.

Унгарскиот министер за енергетика Иштван Капитањ денеска изјави дека се преземени неколку мерки за заштеда на енергија, поради што е можно да се намали потрошувачката на енергија и да се одржи безбедноста на мрежата.

Неколку компании воведоа значајни промени во начинот на кој работат, со цел да се намали потрошувачката на енергија во шпицот, рече министерот.

Трговскиот синџир „Лидл“ го промени времето за печење колачи и ги исклучи фрижидерите за пијалоци, иако се очекуваат температури близу 40 степени Целзиусови. Полначите за електрични возила на паркинзите може да се користат само до 17 часот, објави HVG.

Во Романија, владата го прослави зголемувањето на нивото на водата во Дунав за два сантиметри, откако вчера изведе спектакуларна контролирана експлозија, наменета за пренасочување на текот на реката, со цел да се „олади“ нуклеарната централа Чернавода.

Директорот на електраната изјави за локалните медиуми дека ова треба да помогне електраната да продолжи да работи во следните неколку дена, но дека за денеска се планирани повеќе интервенции, со цел да се потонат старите баржи и дополнително да се пренасочи текот на водата.

Во некои делови од Романија денеска се очекуваат температури над 40 степени Целзиусови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation