Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.
Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 9 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со максимална температура до 32 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Под влијание на циклонска активност во четврток ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, во количина ад 20 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
