Background

Вреди тврди дека полека ја отстранува Македонија од Отворен Балкан

Ние пополека ја отстрануваме земјата од Отворен Балкан, штетниот проект што го донесоа Али Ахмети и Артан Груби, реагира Вреди на соопштението на опозициската ДУИ, која ја обвини владејачката коалција дека пред изборите ветила, ама не прави ништо за излегување од балканскиот сојуз.

„Коалицијата Вреди не го донесе Отворениот Балкан, туку го затекна, како тежок товар што ДУИ нон грата го остави за државата и за граѓаните. Овој проект никогаш не бил во интерес на Албанците, Северна Македонија или на регионот, туку план подготвен од Али Ахмети и Артан Груби за мрачни цели кои само тие ги знаат! Коалицијата Вреди е јасна уште од првиот ден: Отворен Балкан е проект без визија или со визија што им служи на Вучиќ и Вулин и на тесните интереси на ДУИ, на штета на Албанците, особено на Косово“, соопшти Вреди.

Благодарение на нашите неуморни напори, се додава во соопштението, не само што ја ограничивме штетата на овој проект, туку пополека ја отстрануваме нашата држава од него.

- Advertisement -
Ad image

„Ја потсетуваме ДУИ дека Бујар Османи и Артан Груби почесто се среќавале со Вучиќ и Дачиќ отколку со Албин Курти. Целото наше внимание како владина коалиција ќе биде насочено кон Берлинскиот процес“, се вели во соопштението на Вреди.

 

ДУИ ја обвини Вреди дека не го исполнила предизборното ветување дека на првиот ден од владеењето ќе ја повлечат Македонија од Отворен Балкан!

„Со тоа ветување ги измамија гласачите, го користеа како политичко оружје за да ја напаѓаат претходната влада, водеа жестока кампања, нарекувајќи ја оваа иницијатива штетна за земјата и за антинационален проект според насоките на Албин Курти. Но, денес, на власт и без легитимитет, не само што не ја повлекоа земјата од Отворен Балкан, туку нивната влада сега го гледа како позитивен проект, а Скопје и Белград се претворија во стратешки партнери во регионот. Денес нивниот главен партнер е Иван Стоиљковиќ, најекстремниот претставник на руските и српските интереси во Северна Македонија! Некогаш го нарекуваа Отворен Балкан национално предавство, а денес нивните министри подготвуваат документи и спроведуваат политики во рамките на оваа иницијатива!“, обвини ДУИ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation