Вратите на покраинската влада на Војводина во Нови Сад се заклучени со катанци, што ги спречува вработените да ја напуштат зградата откако утрово во 7:30 часот пристигнале на работа, потврдија за порталот „Автономија“ неколку вработени, пренесува Бета.
Студенти, граѓански организации, активисти и опозициски партии повикаа на генерален штрајк денеска.
Таа зграда во центарот на Нови Сад има неколку влезови и излези, но сите се заклучени, изјавиле вработените.
– Заклучени се и вратите во ходниците. Не може да се помине низ приземјето и првиот кат, па оние што се на првиот кат одат во тоалет на третиот кат. На вработените што биле на годишен одмор им беше издадена наредба да се појават на работа – раскажуваат вработените.
Тие додаваат дека во зградата веќе неколку дена има голем број непознати мажи и дека слична ситуација владее и во Градската куќа, која е седиште на градската власт.
Вработените во Радио-телевизија Војводина (РТВ) изјавиле дека зградата на покраинскиот јавен медиумски сервис е „преполна со жандармерија и полиција“.
Околу зградата на РТВ се паркирани голем број полициски возила.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
