Возачот на товарното возило што вчера усмрти пешак на регионалниот пат Прилеп-Градско е уапсен, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за Р.Ј. (45) од Кавадарци, кој управувал „сканија“ со приколка.
Во несреќата загинал К.Ѓ. (89) од општина Росоман. Според полицијата, тој бил удрен од товарното возило на регионалниот пат Прилеп-Градско.
Лекар констатирал смрт на местото на несреќата.
По наредба на обвинителството, телото на починатиот било предадено на Судска медицина за обдукција.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
