Background

Мицкоски: Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат, со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака

И тој потежок пат има своја цена. Затоа што најчесто бирократите ќе ви кажуваат што треба да направите. Бидејќи за нив тоа е „business as usual“, а за вас е сè. За вас е сè. Достоинството нема цена – рече Мицкоски на форумот на иницијативата „Македонија 2025“.

Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат, со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“.

Тој одговараше на прашање поврзано со процесот на евроинтеграциите, во кој за нас како да преовладуваат политичките наместо Копенхашките критеруми, за заморот на граѓаните и за Реформската агенда, како придобивка во моментот за државата, општеството и целокупното население.

- Advertisement -
Ad image

– Во зависност од тоа каква политичка идеологија имате, претпоставувам секоја влада има своја матрица на приближување и остварување на таа цел, на таа стратешка цел. Владата што јас ја предводам има различен пристап споредено со претходната влада. Ние цениме дека пократок пат нема. Односно, има, но тој пократок пат има свои предизвици. Најчесто тие предизвици се понижувачки. И затоа велиме: ако треба да одиме по потешкиот пат, ќе одиме по потешкиот пат, но тоа место ќе го заслужиме со квалитет и со испорака, а не со тоа што ќе потпишуваме бели листови хартија. Бидејќи тие, на крајот, за идните генерации создаваат проблеми – рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека кај граѓаните оваа недокажана приказна или недосонуван сон повеќе создава фрустрација, а не очајување или чувство да се откажеме. Додаде дека во јавните мерења се согледа дека поддршката за ЕУ интеграција горе-долу е константна и рече дека таа треба да остане константна, бидејќи тоа е стратешка цел.

– И затоа ние одлучивме да одиме по овој потежок пат. И тој потежок пат има своја цена. Затоа што најчесто бирократите ќе ви кажуваат што треба да направите. Бидејќи за нив тоа е „business as usual“, а за вас е сè. За вас е сè. Достоинството нема цена. И затоа велам нема пократок пат. Ќе трпите и навреди, и критики, и често пати невистини. Најчесто и измислици, но тоа е цената што морате да ја платите и да ја издржите. Бидејќи треба да верувате во тоа што го правите. Јас лично верувам дека овој потежок пат е поисправниот пат. Можеби е поспор, изобилува, како што реков, со предизвици, но нема друг пат. И затоа мора да докажеме дека сме најдобри, истакна Мицкоски.

Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат.

Во однос на испораката за Реформската агенда, премиерот нагласи дека од 21 индикатор, 16 се успешно завршени и за тој период на мерење сме најдобри во групата на шесте земји од Западен Балкан. Додаде дека во јуни има ново мерење, на кое, како што рече работат интензивно за да го испорачаат. За утре најави подолг состанок преку видеоврска со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, кој како што рече, во принцип ги движи тие активности и истакна дека очекува дека ќе се приближиме до таканаречениот „front-runner“.

– Во случајов, има една изрека, една реченица што дел од бирократите дипломатски ја употребуваат, Црна Гора ја нарекуваат „front-runner“. Јас се сеќавам, ние бевме „front-runner“ таму некаде пред седум-осум години и беше прашање само да смениме име, презиме и сè останато, па само што не сме влегле внатре. Но еве, после 25 години, пак сме на истото место, на мака на која бевме пред 25 години. Затоа треба да веруваме во себе. Тешко е тоа. Малубројни сме. Тешко е дека некој ќе ве забележи ако немате исклучително вреден квалитет и успеси. Тешко е, не е лесно, но мора да издржите во името на генерациите од минатото и во името на генерациите што следуваат. И јас немам друг избор во моментот освен да издржам, но не да бидеме тврдоглави. Тоа не е добро. Да не бидеме тврдоглави. Да работиме, да испорачуваме. Акциски план за малцинства – испорачан, Реформска агенда – први во испорака. Мора квалитет да покажете. Тогаш и најголемите ќе признаат и ќе симнат капа и ќе речат: „Овие го заслужуваат местото, дај да не се глупираме со имиња, презимиња, устави и слични работи“ – нагласи премиерот.

За работата и улогата на „Македонија 2025“, Мицкоски рече дека како организација, идеја и визија е исклучително голема додадена вредност за својата татковина.

– Ценам дека бројките даваат одговор на сите дилеми, дека навистина контрибуцијата е одлична. Мислам дека можеби сега тоа што ни треба е поголема гласност во светските центри, поголема гласност во клучните светски центри во Европа, во САД, на другите континенти. Ние мораме да се бориме за нашата вистина. Ако ние не се бориме за нашата вистина, повторно ќе кажам, тоа не значи дека треба да сме тврдоглави, но ако не се бориме за нашата вистина и ако тоа храбро не го кажеме и аргументирано, за да звучи логично, тогаш ќе ја изгубиме битката. Многу поголеми народи и нации денеска немаат своја држава. Ние имаме своја држава и доаѓа времето кога тоа обединување на сите слоеви, на сите структури, на сите нас е потребно, за да бидеме погласни и да ја кажеме нашата вистина и да се бориме за нашата вистина. И мислам дека тука Македонија 2025, со својата мрежа, со својата веќе институционална меморија од 18 години, може да биде исклучително голем амбасадор за својата татковина и за граѓаните во Македонија. А ние, како Влада, се разбира, јас како претседател на Владата, стојам на располагање, нормално, доколку е потребно тоа, да помогнам во целиот тој процес, порача премиерот Христијан Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation