Background

Возачот на автобусот што утрово се преврте на автопатот А3 во Хрватска, при што загинаа две лица, заспал на воланот само неколку минути откако го заменил својот колега, тврди еден од преживеаните патници

Возачот на автобусот што утрово се преврте на автопатот А3 во Хрватска, при што загинаа две лица, заспал на воланот само неколку минути откако го заменил својот колега, тврди еден од преживеаните патници. Во несреќата кај Иваниќ-Град се повредени уште 33 лица, од кои шестмина потешко, додека полицијата ја истражува причината за излетувањето.

Автобусот со српски регистарски таблички патувал од Србија кон Загреб. Според патникот Никола Голубовиќ, двајцата возачи се смениле на автобуска станица непосредно пред несреќата.

– Тргнавме од Србија за Загреб. Двајцата возачи се префрлија на автобуската станица и возачот заспа неколку минути потоа – изјави Голубовиќ за хрватските медиуми.

- Advertisement -
Ad image

Друг преживеан патник, Марин Јевиќ, за Хрватската радио-телевизија (ХРТ) раскажа дека околу 7:30 часот почувствувале како автобусот преминува во лентата за итни случаи, по што удрил во заштитната ограда.

– Го видовме автобусот како се крева на рампата. Се лизгавме и се тркалавме по ливадата неколку десетици метри. Кога автобусот застана, се слушнаа вресоци и плачења – изјави Јевиќ.

Тој седел во задниот дел од автобусот, каде што по превртувањето затекнал повредени патници, меѓу кои и луѓе приклештени меѓу седиштата.

– Двајца лица беа приклештени за седиштето до моите нозе. Имаше многу луѓе облеани во крв, а еден млад човек беше во шок – раскажа патникот.

Според ХРТ, семејствата на дел од повредените патници тргнале од Белград кон Загреб откако дознале за несреќата.Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, изрази сочувство до семејствата на загинатите и им посака брзо закрепнување на повредените.

Хрватскиот вицепремиер Томо Медвед го посетил местото на несреќата и разговарал со дел од преживеаните, меѓу кои имало и помлади патници кои биле видно потресени.

Несреќата се случила околу 7:25 часот, на 61. километар од автопатот А3, веднаш по клучката Иваниќ-Град, во правец кон Загреб. Во автобусот имало 35 лица – 33 патници и двајца возачи. Двајца патници загинале, шест лица се тешко повредени, а 27 првично биле класифицирани како полесно повредени.

На местото на несреќата биле испратени девет екипи на итната медицинска помош, вклучително и медицински хеликоптер. Повредените биле пренесени во пет загрепски болници.

Хрватската министерка за здравство Ирена Хрстиќ потврди дека меѓу повредените се и двајцата возачи.

Загрепската клиника за трауматологија примила осум повредени патници, претежно со полесни повреди, потврди дежурниот трауматолог Марио Маловиќ.

Хирургот Стјепан Аждајиќ од болницата во Виноградска изјави дека ниту еден од пациентите примени во таа установа не бил во животозагрозувачка состојба.

– Претежно станува збор за повеќекратни фрактури на коските и крварење кое не е толку сериозно за да ни биде потребна итна хируршка интервенција. Ги следиме понатамошните наоди и се чини дека ќе помине без итна операција – рече Аждајиќ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖