Background

УШТЕ НЕ МОЖАТ ДА ГО СОСЛУШААТ НАПАЃАЧОТ ОД КРАКОВ

Полските истражители сè уште не можат да го сослушаат 24-годишниот Михал Окшински, осомничен за девет убиства со елементи на тероризам, бидејќи по две операции се наоѓа во критична состојба во болница во Краков.

Обвинителството отвори истрага за убиството на 6 лица на главниот градски плоштад и за уште 3 убиства во семејниот дом на напаѓачот, за кои е потврдено дека жртви се неговите родители и сестра.

Окшински бил повреден за време на полициската потера и апсењето по нападот во саботата. Лекарите го оперирале двапати, но неговата здравствена состојба засега не дозволува да биде испрашан за мотивите и за околностите на нападите.

- Advertisement -
Ad image

Полскиот министер за правда и главен обвинител Валдемар Журек соопшти дека истрагата опфаќа две кривични дела, од кои едното има обележја на тероризам.

„Истрагата се однесува на две кривични дела. Првото е убиство на шест лица со огнено оружје и обид за убиство на повеќе други лица, меѓу кои и полициски службеници. Применетата правна квалификација ја зема предвид и намерата да се заплаши голем број луѓе, поради што делото има обележја на терористичко кривично дело“, објави Журек на платформата Икс.

За двете кривични дела, според полските закони, на осомничениот му се заканува доживотен затвор.

Полската полиција потврди дека трите лица пронајдени мртви во семејниот стан на Окшински, во градот Островјец Швјентокшиски, се неговиот 53-годишен татко, 52-годишната мајка и 20-годишната сестра.

Портпаролот на полицијата Анджеј Фјолек соопшти дека сите тројца биле убиени со огнено оружје. Нивните тела биле откриени во саботата вечерта, при полициска операција во домот на напаѓачот, на околу два часа возење североисточно од Краков.

Полскиот премиер Доналд Туск претходно изјави дека станува збор за најблиски членови на семејството на осомничениот, а полицијата дополнително го потврди нивниот идентитет.

Мотивот за масовното пукање сè уште не е официјално утврден. Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кјервински изјави дека првичните полициски сознанија укажуваат на десничарски и радикални ставови кај Окшински, како и на негова фасцинација со ултранационалистичката идеологија.

Истражителите ги проверуваат овие сознанија, а од станот на напаѓачот заплениле компјутер и носачи на податоци.

Во саботата попладне Окшински со автомобил влегол на преполниот главен плоштад во Краков и почнал неселективно да пука кон минувачите и туристите. Убил шест лица, а ранил 16, меѓу кои и двајца полициски службеници. Неколкумина од повредените се во тешка или критична состојба.

Меѓу загинатите има и британска државјанка, додека меѓу повредените се и државјани на Германија, Велика Британија, Португалија, Русија и Австрија.

Според претходните информации за осомничениот, уште во училишните денови покажувал интерес за насилство и оружје, а цртал вознемирувачки сцени поврзани со пукање. Овие сознанија дополнително се разгледуваат во контекст на неговите радикални ставови.

Полскиот претседател Карол Навроцки прогласи дводневна национална жалост, која се одбележува на 8 и на 9 ноември.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖