Сомнително возило паркирано пред Капитол во Вашингтон предизвика паника, а полицијата веднаш реагираше.
Според извештаите, осомничениот бил забележан како непредвидливо вози на тротоарот, поради што властите го блокирале тој дел од градот, објави Дејли мејл.
Според непотврдени информации, полицијата во Вашингтон го уапсила возачот кој го управувал сомнителното возило.
По двата терористички напади во САД кои се случија во последните 48 часа, полицијата повеќе не сака ништо да препушта на случајноста.
Прво, во Њу Орлеанс, на новогодишната ноќ, воен ветеран влета со камион во толпата, по што отвори оган врз толпата во Францускиот кварт, убивајќи 15 и рани уште 30 пред полицијата да го убие.
Еден ден подоцна, вчераутро, пикап „Тесла“ експлодираше и изгоре пред хотелот на Трамп во Лас Вегас, при што едно лице загина, а неколку беа повредени.