Возачите во Русија со часови, а во одделни региони и со денови чекаат на бензинските пумпи за да наполнат гориво. Во потрага по пумпи што сè уште работат, граѓаните минуваат низ цели градови, преспиваат во своите автомобили и чекаат да дојдат на ред. Неретко доаѓа и до конфликти меѓу луѓето што стојат во редиците.
Во последните месеци Украина ги интензивираше нападите со дронови врз руските нафтени рафинерии. На 6 јули, украинските сили ја нападнаа рафинеријата во Омск, оддалечена околу 2.500 километри од украинската граница. Со тоа Киев веќе ги погодил сите десет најголеми руски рафинерии – од Ленинградската област до Омск. Нападите дополнително ја продлабочуваат кризата со гориво што зафати голем број руски региони.
Жителите на бројни руски области се жалат на затворени бензински пумпи и километарски колони пред ретките објекти што сè уште имаат гориво.
Една жителка на Геленџик изјави дека веќе три дена безуспешно се обидува да наполни бензин. На бензинската пумпа пристигнала во пет часот наутро и преноќила во автомобилот, но ниту тогаш не успеала да купи гориво.
– Тоа е буквално борба за опстанок – вели таа.
Според неа, проблемот не е само недостигот од гориво, туку и во препродавачите кои купуваат поголеми количини и потоа ги продаваат по значително повисоки цени.
Поради недостигот од гориво, многу Руси ги менуваат секојдневните навики. Дел од нив се здружуваат заедно да одат во набавка или да ги превезуваат децата до училиште, додека други се префрлаат на јавен превоз.
Ниту такси-секторот не е поштеден од кризата. Таксистите работат поретко и сè почесто одбиваат подолги релации, што веќе довело до пораст на цените на превозот.
Во руралните средини, сè повеќе луѓе купуваат коњи наместо автомобили. Тие се користат за шумски работи, косење сено и земјоделски активности. Значително е зголемена и продажбата на велосипеди.
Федералните власти тврдат дека во Русија нема вистинска криза со гориво, туку дека проблемите се резултат на панично купување и шпекулации. Вицепремиерот Александар Новак изјави дека гориво има доволно и дека проблемот е во логистиката.
– Гориво има доволно, потребно е само да се реорганизира логистиката – порача Новак.
Регионалните власти, исто така, ги обвинуваат трговците дека создаваат паника.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
