Background

Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што беше смртно ранет од агенти на Тајната служба кои возвратиле на нападот

Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што беше смртно ранет од агенти на Тајната служба кои возвратиле на нападот, соопштија американските власти.

Според соопштението на Тајната служба, која го обезбедува американскиот претседател и потпретседател, напаѓачот пукал кон агентите, по што тие возвратиле со оган. Осомничениот бил ранет и пренесен во локална болница, каде што подоцна им подлегнал на повредите.

Во престрелката бил ранет и еден минувач, но засега не се соопштуваат детали за неговата здравствена состојба.

- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во изминатиот период беше мета на неколку наводни обиди за атентат, во моментот на инцидентот се наоѓал во Белата куќа, откако ги откажал сите патувања за викендот поради кризата со Иран.

 

 

– ФБИ е на местото и ѝ дава поддршка на Тајната служба, која реагира на пукање во близина на Белата куќа – рече директорот на ФБИ, Кеш Пател.

Водителот на „Фокс њуз“, Брет Бајер, изјави дека според информации од висок функционер на администрацијата, вооружениот маж се приближил од западната страна на Белата куќа и испукал три куршуми. Според него, напаѓачот не успеал да го пробие безбедносниот периметар околу претседателската резиденција.

Канадскиот турист Рејд Адријан за АФП изјави дека бил во близина кога слушнал „меѓу 20 и 25 истрели“.

– Во прв момент звучеше како огномет, а потоа луѓето почнаа да бегаат – изјавил тој, пренесува Франс 24.

Полицијата веднаш го блокираше пристапот до Белата куќа, а припадници на Националната гарда не им дозволуваа на новинарите да влезат во областа.

Новинари кои во моментот на нападот се наоѓале на северниот тревник на Белата куќа објавија на Икс дека добиле наредба веднаш да се засолнат во салата за прес-конференции.

Дописничката на телевизијата Еј-Би-Си, Селина Ванг, објави видео на кое се слушаат истрели.

– Звучеше како десетици истрели – опиша таа.

 

 

Подоцна се огласи и Трамп, кој изјави дека напаѓачот „имал претходни насилни испади и изгледал опседнат со Белата куќа“.

„Им благодарам на агентите од Тајната служба и на органите на редот за брзата и професионална реакција против вооружен маж во близина на Белата куќа“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушал.

Американските безбедносни служби сѐ уште не го откриваат идентитетот на осомничениот, кого го опишуваат како психолошки нестабилно лице.

„Му благодариме на Господ што претседателот Трамп е жив и здрав“, објавија републиканците од Претставничкиот дом на Икс, додавајќи дека „политичкото насилство мора да престане“.

Седумдесет и деветгодишниот Трамп во последните години беше мета на неколку безбедносни инциденти.
Во јули 2024 година, за време на претседателската кампања во Батлер, Пенсилванија, вооружен напаѓач отвори оган кон бината, при што беше убиен еден посетител, а Трамп беше полесно повреден.

Неколку месеци подоцна, друг вооружен маж беше уапсен во близина на голф-теренот во Вест Палм Бич, каде што Трамп престојувал во моментот на инцидентот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation