На хакер со скромни технички познавања му биле доволни 9 дена и помошта на кинеската вештачка интелигенција Дипсик (DeepSeek) за да украде податоци на 1,2 милиони Белгијци. Станува збор за најголемиот кибернапад со кражба на податоци досега регистриран во Белгија, објави белгискиот јавен сервис ВРТ.
Напаѓачот, познат под псевдонимот „БабидиГоуст“, е припадник на хакерската група „Ловци на духови“ (Ghost Hunters). Во периодот од 6 до 15 ноември тој испратил повеќе од 5.800 барања до Дипсик, од кои моделот на вештачка интелигенција одбил само 41.
Истрагата на белгиската компанија за кибербезбедност „Секутек“ покажала дека хакерот не ги нападнал директно компјутерските системи на општините. Цел на нападот била компанија што обработува податоци за центрите за рециклирање отпад.
Преку нејзиниот систем хакерот дошол до податоци на жители и на вработени во вкупно 82 општини во белгискиот регион Фландрија.
Меѓу украдените податоци има имиња, адреси, датуми на раѓање, матични броеви, броеви на лични карти, лозинки и броеви на банкарски сметки.
Дел од податоците веќе се понудени на продажба на темниот веб (даркнет), со што граѓаните се изложени на опасност од кражба на идентитетот и од финансиски измами.
Експертите за кибербезбедност предупредуваат дека вештачката интелигенција денес им овозможува и на луѓето без големо техничко искуство да извршуваат напади за кои порано биле потребни години усовршување.
Истрагата покажала дека истата хакерска група нападнала повеќе од 50 организации во Белгија, во Франција и во Швајцарија.
Меѓу нив имало банки, осигурителни друштва, обложувалници, компании за електронски плаќања и менувачници за криптовалути. Половина од нападнатите организации биле во Белгија.
Нападот е откриен само неколку дена откако Европската комисија на 19 ноември потврди дека и самата била цел на кибернапад извршен со помош на вештачка интелигенција.
Tagged as:
Вештачката интелигенција му одбила само 41 од 5.800 барања
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
