Background

Војната меѓу САД и Израел со Иран веќе ги чинеше компаниите низ светот најмалку 25 милијарди долари, а продолжувањето на конфликтот дополнително ги зголемува загубите

Војната меѓу САД и Израел со Иран веќе ги чинеше компаниите низ светот најмалку 25 милијарди долари, а продолжувањето на конфликтот дополнително ги зголемува загубите.

Анализата на објавените податоци на компаниите, направена од агенциите,  покажува дека тие се борат со растечките цени на енергијата и нарушените синџири на снабдување и трговските патишта загрозени од застојот во Ормускиот теснец во Иран.

Најмалку 279 компании ја наведоа војната како повод за активности за ублажување на финансискиот шок, вклучително и зголемување на цените и намалување на производството.

- Advertisement -
Ad image

Други ги суспендираа исплатите на дивиденди или откупот на акции, отпуштија вработени, воведоа дополнителни даноци на гориво или побараа итна владина помош.

Не се оптимистички ниту очекувањата за остатокот од годината бидејќи останува малку надеж за договор за прекин на конфликтот.

Една петтина од компаниите во анкетата, од производители на козметика, гуми и детергенти, до оператори на крстосувачки бродови и авиокомпании, пријавија финансиски удар од војната.

Повеќето од нив се со седиште во Европа, каде што трошоците за енергија беа високи, додека речиси една третина се од Азија, што ја одразува длабоката зависност на тие региони од нафтата и другите горивни деривати од Блискиот Исток.

Дополнително, до октомври минатата година, стотици компании пријавија повеќе од 35 милијарди долари трошоци поради царините на американскиот претседател Доналд Трамп од 2025 година, кои тој ги воведе во различни пропорции на земјите низ целиот свет.

Авиокомпаниите сочинуваат најголем дел од трошоците поврзани со војната. Тие претставуваат речиси 15 милијарди долари, додека цените на горивото за авиони речиси двојно се зголемија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation