Во врска со реакциите за неодамнешната одлука за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела, сакаме да појасниме дека Собранието и пратениците работеа и продолжуваат да работат, соопшти законодавиот дом.
„Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите. Оваа одлука е донесена консензуално, со сите координатори на пратеничките групи, на координативната средба, во знак на солидарност по трагедијата во Кочани и за изразување почит кон жртвите. Сепак, работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа“, се вели во појаснувањето што го исрати СОбранието до јавноста.
Пратениците се активни и посветени на законодавните процеси, се додава во појаснувањето.
„Секоја изјава со која се претпоставува дека паузираат е неосновано обвинување кое претставува тенденција за манипулирање со мислењето и нарушување на угледот на Собранието и народните избраници“, соопшти Собранието.
Tagged as:
Во врска со реакциите за неодамнешната одлука за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела сакаме да појасниме дека Собранието и пратениците работеа и продолжуваат да работат
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
