Од спортското риболовно здружение „Хантер Фиш“ од Кичево на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии од угинати риби во реката Треска и побараа итна реакција од надлежните институции.
„Реката Треска е еден од најважните водни екосистеми во Кичево. Секое загадување, труење или друга интервенција која го загрозува животот во реката мора да биде детално испитани и да се утврди причината и одговорноста“ – се вели во соопштението од Здружението.
Оттаму бараат веднаш да се земат примероци од водата и од угинатата риба, како и да се направат лабораториски анализи за да се утврди причината за угинувањето.
„Да се направи контрола на сите можни извори на загадување, а надлежните институции да ја информираат јавноста за резултатите и да преземат мерки за заштита на реката и живиот свет. Не смееме да дозволиме уште еден ваков случај да помине без одговор. Да ја заштитиме рибата, водата и природата за генерациите што доаѓаат“ – се вели во реакцијата.
МВР во својот билтен потврди дека вчера (13.09.2026) во ОВР Кичево е пријавено дека по течението на реката Треска, помеѓу кичевските села Вранештица и Бигор Доленци, е забележан помор на речна пастрмка во поголеми размери.
„За настанот е известен надлежен јавен обвинител и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, по што заеднички екипи ќе преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот. Против лицето кое извршило загадување на вода со штетна материја ќе биде поднесена кривична пријава по член 223 од Кривичниот законик „загадување на вода или добиточна храна” – се вели во информацијата на МВР.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
