Во сместувачките капацитети во Албанија во јуни престојувале 445.846 странски турости, што е зголемување за 20,6% во споредба со истиот месец минатата година, објави Националниот институт за статистика.
Вкупниот број на посетители се зголемил за 17%.
Бројот на ноќевања се зголемил за 9,8% на годишно ниво. Ноќевањата на странски посетители се зголемиле за 9,2%, додека ноќевањата на локалните жители за 11,8%.
Најголем раст е забележан во крајбрежните области, каде што во јуни се регистрирани 323.426 странски посетители. Тоа е зголемување од 27,4% во споредба со 253.867 минатата година. Бројот на посетители во некрајбрежните области се зголеми за 5,7% или 122.420.
Хотелите и други сместувачки капацитети примија 401.836 странски посетители, во споредба со 336.226 во јули 2025 година. Исполнетоста на хотелските соби исто така се зголеми, достигнувајќи 41,3%, што е зголемување од 1,8 процентни поени во споредба со минатата година.
Од странските посетители најбројни се гоститте од Косово, 15%, по што следуваат Италија со 14% и Полска со 13%.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
