Background

Во регионот на Западен Балкан пристигна најавената промена на времето, која донесе значителен пад на температурите и нови снежни врнежи

Во регионот на Западен Балкан пристигна најавената промена на времето, која донесе значителен пад на температурите и нови снежни врнежи.

Во делови од Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија почна да врне дожд, а на места и снег, а надлежните служби издадоа предупредувања за обилни врнежи, ниски температури и силен ветер.

Во Босна и Херцеговина снег падна во регионот Краина, а во текот на денот се очекува снег во другите делови на земјата.

- Advertisement -
Ad image

Во БиХ се очекува да паднат од два до десет сантиметри снег, а на повисоките места и на планините од 15 до 25 сантиметри.

За подрачјето на Бања Лука и Бихаќ е издадено портокалово предупредување поради силен ветер, додека жолто предупредување поради врнежи е на сила во останатиот дел од земјата.

Во Хрватска снег паѓа во Лика, Горски котар, но и во внатрешноста, во Загреб, Карловац, Сисак, Бјеловар и Кутина.

Како што најавија хрватските метеоролози, на копното се очекува да се формира снежна покривка, особено во планинските предели каде би можеле да паднатнад 30 сантиметри нов снег.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска денеска објави жолт аларм за централните и планинските предели поради снег и можна појава на мраз и обилни врнежи од дожд.

Падот на температурите и во Србија носи лапавица и снег – претпладне на западот на Војводина и на западот на Србија, а постепено од средината на денот и во другите области, претежно јужно од Сава и Дунав.

Се очекува создавање и зголемување на висината на снежната покривка, главно од два до пет сантиметри во пониските предели, а на планините околу 10 сантиметри, а на југозападот на Србија некаде и за повеќе од 15 сантиметри нов снег“, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија.

Престанување на паѓањето снег се очекува кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека кон крајот на денот на северот од земјата, на планините и во пониските предели се очекува умерен до обилен снег.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation