„Спејс-Икс“ во последен миг го откажа лансирањето на ракетата за замена на посадата на Меѓународната вселенска станица, што требаше да го почне и долгоочекуваното враќање на американските астронаути Буч Вилмор и Сани Вилијамс.
Вилмор и Вилијамс се заглавени на Вселенската станица девет месеци по пристигнувањето со нефункционалниот „Боинг Старлајнер“. Воздухопловно-вселенската компанија „Спејс-Икс“ вчера го откажа летот поради технички дефект и проблеми со лансирната рампа на ракетата, соопштија официјалните лица за време на директниот пренос од одбројувањето пред лансирањето.
Ракетата на „Спејс-Икс“ требаше да полета од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал вчера приквечер, со екипаж од двајца астронаути од САД и по еден од Јапонија и од Русија. Времето на следната прилика за лансирање не е објавено.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
