Во Лос Анџелес доцна вечер ќе се одржи 82. церемонија на доделување на „Златен глобус“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Лос Анџелес доцна вечер ќе се одржи 82. церемонија на доделување на „Златен глобус“, американските награди за филм и телевизија, а фаворит со десет номинации е филмот „Емилија Перез“ на францускиот режисер Жак Одијар.

Филмот доби номинации во различни категории, вклучително и за најдобра комедија, режија, актер, сценарио и најдобра споредна женска улога.

Меѓу фаворитите е канадскиот филм „Бруталист“, приказна за архитект кој го преживеал Холокаустот, со седум номинации.

Шест номинации доби „Конклава“, филм за папата.

Ѕвездите на филмовите „Бруталист“ и „Конклава“ се Адријен Броди и Ралф Фајнс во улогата на кардинал вмешан во интригите во Ватикан за избор на нов папа.

На списокот на фаворити е и филмот за пејачот и нобеловец Боб Дилан „Целосно странец“ во режија на Тимоти Шаламе.

Во конкуренција за најдобра актерка се натпреваруваат Анџелина Џоли за улогата на оперската дива Марија Калас, Никол Кидман за улогата во филмот „Babygirl“, Кејт Винслет, Фернанда Торес и Памела Андерсон за филмот „The Last Showgirl“.

Доделувањето на наградите „Златен глобус“ ја започнува сезоната на филмски награди во Холивуд.

„Златниот глобус“, американска филмска награда што ја доделува Холивудската асоцијација на странски новинари (HFPA) од 1944 година, често е показател за тоа кои филмови ќе го добијат престижниот „Оскар“. Годинава 97. доделување на „Оскарите“ ќе се одржи на 3 март.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article