Background

ВО ГРАДИНКА ОДАТ ПОМАЛКУ ОД ПОЛОВИНА ОД ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Денес (20.11), на Светскиот ден на детето, Македонската берза симболично заѕвони за правата на најмладите, испраќајќи порака дека грижата за децата мора да биде дел од секоја важна општествена и економска одлука. УНИЦЕФ предупредува дека помалку од половина од децата до шест години во Македонија се опфатени со предучилишно образование, а особено се погодени оние што доаѓаат од семејства и заедници во неповолна положба.

На настанот „Ѕвониме за децата“, организиран од УНИЦЕФ и Македонската берза, претставници на институциите, граѓанскиот сектор и бизнис-заедницата разговараа за потребата од поголеми инвестиции во раниот детски развој, образованието и грижата за децата. Акцијата е дел од глобална иницијатива што ја истакнува одговорноста на компаниите и инвеститорите да ги земаат предвид детските права при носењето деловни одлуки.

За да се достигне националната цел од 65 проценти опфат на децата со предучилишно образование до 2032 година, потребно е да се обезбедат дополнителни 19.000 места во градинките. УНИЦЕФ посочува дека тоа бара континуирани јавни инвестиции, нови модели на финансирање и посилна соработка меѓу институциите и приватниот сектор. Притоа, не е доволно само да се зголеми бројот на места – услугите мора да бидат квалитетни, финансиски достапни и инклузивни.

- Advertisement -
Ad image

– Во услови кога бројот на деца се намалува, потенцијалот на секое дете е поважен од кога било – порача Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ. Таа нагласи дека вложувањето во најраните години носи придобивки не само за децата, туку и за семејствата, жените, компаниите и целото општество.

На настанот присуствуваа и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Тие ја истакнаа важноста од проширување на пристапот до квалитетно предучилишно згрижување и образование. Јаневска порача дека правата и потребите на децата треба да бидат дел од сите општествени одлуки, вклучително и деловните и инвестициските.

Поддршката за децата, според учесниците, не завршува со отворањето нови градинки. Важни се и политиките на работното место што им помагаат на родителите, одговорните деловни практики и создавањето средина во која секое дете ќе има можност да учи, да се развива и да го достигне својот потенцијал.

Настанот се одржа во „Дајмонд мол“ во Скопје, каде што беше поставена и инсталација на УНИЦЕФ во форма на занимална во градинка – симболичен потсетник дека секое дете треба да има свое место за игра, учење и растење. Во 10 часот, пред почетокот на берзанското тргување, децата и претставниците на организаторите заеднички го означија почетокот на иницијативата со заѕвонување на берзанското ѕвоно.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖