Девизните резерви на крајот на декември 2024 година изнесувале 5 милијарди и 19 милиони евра. Во однос на претходниот месец бележат зголемување за 99 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,1%), по што следуваат валутите и депозитите (18,8%) и монетарното злато (11%).