Заменик авганистанскиот министер за борба против наркотици Абдул Рахман Касеми изјави дека во Авганистан има околу четири милиони наркозависници, односно дека секој десетти во таа земја е зависник од дрога.
Касеми истакна дека поради еден наркоман, негативни последици трпат уште најмалку седум лица, главно членови на неговото семејство, пренесе РИА Новости.
Касеми, говорејќи во центарот за лекување наркомани „Агуш“ во Кабул, рече дека, според МВР, илјадници луѓе во Авганистан се лекуваат од зависност од дрога.
Касеми истакна дека за повеќе од три години откако Талибанците се вратија на власт во Авганистан, повеќе од 100.000 зависници од дрога биле подложени на третман, а 95 отсто од нив биле излекувани.
Според Касеми, одгледувањето дрога и трговијата со дрога во Авганистан се сведени на нула.
Вториот заменик министер за борба против дрогата Абдул Хак Хамкар изјави дека во центарот за рехабилитација „Агуш“ се лекуваат 5.000 наркозависници, на кои меѓу другото им е обезбедена и бесплатна настава по веронаука.