Background

Властите во Црна Гора затворија четири плажи и поставија црвени знамиња како предупредување за капачите откако се излеале фекалии во морската вода

Властите во Црна Гора затворија четири плажи и поставија црвени знамиња како предупредување за капачите откако се излеале фекалии во морската вода, објави „Вјести“.

Анализите покажале дека морската вода на плажите Жукотрлица 02 и Жукотрлица 03 во градот Бар, како и на Словенска плажа 01 и Пржно во Будва, не се соодветни за капење.

Посетители минатата недела забележале дека се излева канализација во морето на најмалку две места во Бар.

- Advertisement -
Ad image

Од каналите под поранешните ресторани „ББ“ и „Амфора“ се излевала матна течност со кафеава боја, проследена со непријатна миризба што се ширела долж крајбрежјето, вклучително и во близина на плажите со лежалки.

Според анализите на Институтот за морска биологија, спроведени од 20 до 23 јули на 114 локации, морската вода на 78,9 отсто од локациите била со одличен квалитет.

Во Бар, водата била со одличен квалитет на 13 локации, додека на Жукотрлица 02 и Жукотрлица 03 била оценета како лоша.

Во Будва, одличен квалитет бил утврден на 27 локации, добар на две, а задоволителен на три. Лош квалитет бил утврден на Словенска плажа 01 и Пржно.

Јавното претпријатие за управување со морското добро подоцна соопшти дека при повторни тестирања направени во вторникот, утврдиле дека квалитетот на водата на плажите Жукотрлица 02 и Жукотрлица 03 се подобрил.

„На локациите Жукотрлица 02 и Жукотрлица 03 во Бар, квалитетот на водата варира од добар до задоволителен, што значи дека водата на овие локации повторно е безбедна за капачите“, наведоа од претпријатието.

Оттаму додаваат дека забраната за капење за плажата Пржно во Будва продолжува да важи, бидејќи водата сѐ уште е загадена.

„Институтот за морска биологија продолжува со вонредно земање примероци од локацијата Пржно, а јавноста навремено ќе биде информирана за новите резултати“, се вели во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation