Владата има индиции за најмалку една фирма од нафтениот бизнис која извезувала евтини деривати. Проверката на индициите е во тек и ќе бидат преземени мерки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој рече дека проверката од страна на Државниот инспекторат е покрената на основа на информации добиени од лица од бизнисот.
– Проверките се почнати на основа на информации добиени од лица кои се во тој бизнис. Наше е да ги провериме тие индиции и тие течат – рече Мицкоски.
Тој рече дека нема информација дека во договорите со компаниите има клаузула за непродавање на горива надвор од земјата бидејќи не е во негова надлежност.
– Немам таква информација институциите кои треба да го знаат тоа ќе проверат. Но добив информација дека препродавањето и реекспорет се две различни работи- рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека нема да има дополнително намалување на ДДВ за гориво, но дека останува намалената акциза.
– Остануваме со намалената акциза за бензините и за дизелот, со намаленото ДДВ за бензините и остануваме со убедливо најниска цена на горива во регионот – рече Мицкоски, повторувајќи дека според оценката на ММФ како држава е во првите 3 еми во Европа според аплицирани мерки во БДП.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
