Background

Владата и Министерството за економија дискутираат со сите засегнати страни

Во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски кој зборуваше за стандардот на граѓаните, потрошувачката кошничка притоа ставајќи го во фокусот интересот на граѓаните пред сè во насока на заштита на животниот стандард.

Пратеникот Здравковски ги образложи бесмислените мерки кои ги предлага опозицијата во однос на ДДВ-то на струјата, бидејќи токму тие за време на нивното седумгодишно владеење ја покачиле цената на струјата, па наведе дека е тотален апсурд СДСМ, сега да бараат намалување на истата.

– Прва работа ДДВ-то на струјата, ние го баравме да се намали кога бевме во опозиција и дополнително во периодот кога беше СДСМ на власт тие ја покачија струјата за 100%, од кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт во август и во јануари вкупното покачување е 1,48 така да ова со 30% покачување е напамет зборување сметам дека ете регулаторот ја покачува цената не ја покачува опозицијата или власта, во овој момент сметам дека сè уште е рано за такво нешто, дополнително секоја мерка којашто се носи, којашто би требало директно да влијае на граѓаните треба да се носи со сите чинители во процесот на формирање на цените, тука пред сè граѓаните мораат да бидат вклучени – вели Здравковски.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на активностите кои ги има предвид Владата, пратеникот посочи дека нема да се прифати замрзнување на цените, и дека Министерството за економија работи на тоа сите засегнати страни да бидат вклучени и да се донесе соодветна прифатлива мерка.

– Не прифаќаме замрзнување на цени затоа што тоа после прави бум, дополнително притисокот од синдикатите да речеме и ова што го бара опозицијата со зголемување на минималната плата ќе направи многу голем трошок на стопанствениците и производителите за храна за дополнително ги зголемат цените. Пак ќе повторам, Министерството за економија во рамки на Владата нормално, има комуникација и е во постојан дијалог со сите засегнати странки мораме да донесеме мерка којашто ќе биде прифатлива за сите – рече Здравковски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation