Background

Владата го прекршила Уставот со дозволата ИВЗ да отвори гимназија

Уставниот суд ја укина одлуката со која е одобрено основањето на Приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во скопското село Кондово, која е донесена од Владата на 26 март 2024 година.

Судот оцени дека владината одлука е незаконита и неуставна, бидејќи Владата дала согласност, односно дозволила Исламската верска заедница (ИВЗ) да биде основач на средно училиште,  гимназија.

– Ова е во спротивност со членот 7 од Законот за средно образование, кој забранува верско организирање и дејствување и истакнување на верски симболи во средните училишта. Исто така содржината на Одлуката не е во согласност со Амандманот 7 од Уставот, според кој верските заедници можат да основаат само верски училишта во кои се предава веронаука, односно се проповеда и изучува конкретна религија – се наведува во соопштението од Уставниот суд.

- Advertisement -
Ad image

Според судијата-известител Ана Павловска-Данева, Уставниот суд со својата одлука донесена со мнозинство гласови и овој пат, како и во повеќе наврати претходно со своите одлуки донесени во различни судиски состави, застана на браникот на секуларноста на државата.

– Уставниот суд ја укина Одлуката на Владата на РСМ донесена на 26 март 2024 година со која е одибрено основање на Приватно средно училиште „Медреса Иса Беј“ со образложение дека согласно амандманот 7 точка 2 од Уставот е утврдено дека МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основање верски училишта и социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон. Ниту Уставот, ниту пак кој било закон во државата не допушта и не предвидува постапка за основање на приватно средно училиште со граѓанско образование од страна на верска заедница или религиозна група. Оттука, Уставниот суд одлучи дека Владата во март 2024 година донела противзаконска и неуставна одлука и истата ја укина – посочува во писмена изјава судијката Павловска-Данева.

Судот ги прифати како основани наводите во иницијативата дека со донесувањето на оспорената одлука Владата ја повредила уставната одредба за одвоеност на државата од верските прашања.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation