Background

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски порача дека мора да се реши проблемот со превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките, без какви било задржувања, чекања и пречк

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, порача дека мора да се реши проблемот со превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките, без какви било задржувања, чекања и пречки.

Тој рече дека засега единственото решение на проблемот е потпишување на билатерални договори со поединечни земји од шенген зоната.

– Мора да се направат што повеќе билатерални договори со повеќе земји. Добро е што шенген зоната нема ограничување во која држава се вади виза. Ќе го искористиме и овој собир со австриските бизнисмени да го забрзаме процесот и со Австрија. Не сакам да давам рокови но очекувам многу брзо ќе излеземе со добри вести бидејќи комуникацијата е интензивна – рече Николоски.

- Advertisement -
Ad image

Николоски рече дека планирано е да се потпишат билатерални договори со земјите кои се на патот на двете рути по кои се движат нашите превозници за да можат да стигнат до нашите најзначајни трговски партнери.

Тој оцени и дека во решавање на проблемот голем удел имаат превозниците кои направија голем притисок со блокирањето на границите.

– Најважно е тоа што се смени визната стратегија во која тие беа препознати како професионалци, со што можат да добиваат долгорочни визи. Но, има неколку земји кои не сакаат ова прашање да се реши на заедничко ниво, па затоа најдобро е да се реши со поединечни билатерални договори, што ние го правиме – рече Николоски.

Според она што претходно го изјави Николоски досега билатерални договори се потпишани со Хрватска, Швајцарија и Романија. Во тек се интензивни преговори и се најавени средби на високо ниво со владата на Словенија и активно се работи и на решенија со Германија и Унгарија за да се покријат клучните рути на македонските транспортери.

Проблемот на превозниците настана  со престојот во Шенген-зоната и правилото 90/180 кое не им дозволува непречено работење на превозниците и непотребни проверки и задржувања на границите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation