Бразилскиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид Винисиус Жуниор купи дел од португалскиот клуб Алверка.
Фудбалерите ширум светот во последно време се одлучуваат да купуваат клубови, а овој тренд го продолжи и еден од најдобрите напаѓачи во светот, Винисиус Јуниор.
Приватниот бизнис го окупираше и Бразилецот, кој стана косопственик на второлигашот од Португалија, Алверка. Сè треба да биде официјално објавено во наредните денови.
„Рикардо Вицинтин го продаде својот удел во јавното претпријатие на група шпански и бразилски инвеститори“, соопшти ФК Алверка.
Голгетерот од Мадрид наводно во клубот ќе вложи осум милиони евра.
Алверка моментално е второпласирана екипа во второлигашот португалски фудбал и има 38 бода, три помалку од водечката Тондела. Двете првопласирани селекции ќе остварат промоција во највисокото ниво, додека третопласираната ќе се пласира во баражот за најдобриот во Португалија.
Што се однесува до Винисиус, тој е еден од најскапите фудбалери на денешницата, а неговата пазарна вредност според Трансфермаркт изнесува 200 милиони евра.