Вилата во Лос Анџелес на актерот Адам Броди и неговата сопруга, актерката Лејтон Мистер, изгоре во разорниот шумски пожар во област

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вилата во Лос Анџелес на актерот Адам Броди (на пошироката јавност како Сет од О.К.) и неговата сопруга, актерката Лејтон Мистер (на пошироката јавност позната како Блер од „Озборувачка“), изгоре во разорниот шумски пожар во област, пренесуваат американските медиуми.

Вилата вредна 6,5 милиони долари целосно изгоре, пожарот ги зафати сите соби, а од имотот извира чад.

Двојката ја купи куќата во 2019 година. Тие живееја таму со своите две мали деца. Куќата имала пет спални соби и шест бањи и се протегала на три ката.

Холивудската двојка сè уште не се изјаснила, а последен пат беа видени во јавноста пред неколку дена на доделувањето на Златните глобуси.

За потсетување, шумски пожар беснее низ богат дел на Лос Анџелес, уништувајќи домови и предизвикувајќи сообраќаен метеж, додека 30.000 луѓе се евакуирани под огромните облаци од чад кои го зафатија поголемиот дел од градското подрачје. Пожарот опустоши луксузен кварт во Лос Анџелес, кој е дом на многу познати личности како Бен Афлек, Џене Аико, Том Хенкс, Мајлс Телер, Џејмс Вудс и други.

Сè започна во вторникот околу 10 часот по локално време, кога поради брзите ветрови се прошири пожар во дворот на станбена зграда во Палисадес. Оттогаш околу 49.000 луѓе се повикани да се евакуираат од погодените области, а повеќе од 1.400 пожарникари се ангажирани за гаснење на пожарот.

Две лица загинаа, а многумина се тешко повредени во пожарите кои беснеат во областа на Лос Анџелес, соопштија пожарникарите, додавајќи дека илјадници луѓе морале да бидат евакуирани.

„За жал, имаме две цивилни жртви и имаме многу сериозни повреди“, изјави за новинарите шефот на пожарникарната служба во Лос Анџелес, Ентони Мароне.

Share This Article