Виктор Грданоски од ГФК Охрид Лихнидос е повикан во У-15 репрезентацијата на Македонија за два пријателски натпревари со Србија. Тој е третиот репрезентативец од ГФК Охрид Лихнидос.
ОХРИД – Уште едно големо признание за охридската фудбалска школа на ГФК Охрид Лихнидос. Младиот Виктор Грданоски, новото младинско чудо во македонскиот фудбал, е повикан во У-15 репрезентацијата на Македонија (генерација 2012). Повикот во репрезентативниот дрес беше очекуван.
Македонската У-15 селекција ќе одигра два пријателски натпревари со Србија во периодот од 23 до 26 ноември 2026 година. Селекторот Горан Георгиевски го повика Грданоски од редовите на ГФК Охрид Лихнидос. Собирот е закажан на 23.11.2026 година во 11:30 часот пред ФФМ во Скопје.
Грданоски е третиот репрезентативен играч од редовите на ГФК Охрид Лихнидос. Претходно во У-21 репрезентацијата беа повикани Давор Росиќ и Давид Матевски,со што се става јасен акцент на квалитетот на играчите на ГФК Охрид Лихнидос.
Повикот на Грданоски го потврдува правилниот пристап во работата со помладите категории во Охрид и покажува дека градот создава таленти што стигнуваат до репрезентативно ниво.
С.Д.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
