Советничката во Градскиот совет на Данидин, Нов Зеланд, Џо Галер, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако на важен онлајн состанок се вклучи директно од својата бања.
Галер учествувала на виртуелна седница на советот, но наместо канцеларија или дневна соба, нејзината камера открила необична сцена во позадина се гледале алишта закачени за сушење, додека таа сериозно зборувала за локални политички теми.
Во еден момент, градоначалничката на Данидин, Софи Баркер, ѝ посочила дека зад неа се гледаaт испраните алишта и ја замолила да ја помести камерата.
– Сè е во ред. Можете да го видите моето перење, можете да ме видите мене. Тоа не е никаков проблем – одговорила Галер, по што продолжила со своето излагање.
Но, тоа не бил единствениот детаљ што го привлече вниманието на гледачите.
Во еден момент, зад заматената стаклена врата од туш-кабината во нејзината бања се појавила сенка од друга личност. На снимката се гледа рака која кратко се појавува, а потоа брзо се повлекува, што дополнително ја разгоре љубопитноста на јавноста.
Видеото за кратко време стана вирално, а корисниците на социјалните мрежи почнаа да поставуваат прашања кој се наоѓал зад стаклото и зошто советничката не ја искористила опцијата за заматување на позадината.
И локалните медиуми известија дека некои советници биле изненадени од сцената. Дел од нив коментирале дека дури по повторно гледање на снимката забележале дека навистина има движење зад туш-кабината.
Ова не е првпат Градскиот совет на Данидин да се најде во центарот на вниманието поради необичен Зум-инцидент. Во 2020 година, тогашниот советник Дејвид Бенсон-Поуп беше снимен за време на онлајн состанок во несоодветна ситуација, откако се појавил во канцеларија само со палто од костум и долна облека.
Иако сцената со Џо Галер предизвика многу шеги на интернет, таа за време на состанокот останала фокусирана на темата за која зборувала, критики за непотребно трошење на буџетски средства и прашања поврзани со работата на локалната самоуправа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
