Необична ноќна средба доби граѓанин во месноста Горица 1, во близина на Хотел Парк, каде што на улицата слободно шета лисица. Снимка од настанот покажува како животното спокојно се движи по асфалтот, без да се плаши од присуството на човекот.
На снимката, долга околу 28 секунди, се гледа како црвена лисица ноќе минува по тесна улица покрај ѕид. Животното се движи бавно и внимателно, го нушка теренот и повремено застанува. Не бега ни кога снимателот е на мало растојание.
Појавата на диви животни во близина на населени места и угостителски објекти станува се почеста. Причините најчесто се бараење храна, а честопати и привикнатост на човекот, особено таму каде што остатоци од храна остануваат на дофат.
Стручњаците советуваат да не се приближува до дивите животни, да не се хранат и да не се обидува да се допираат, бидејќи лисиците можат да пренесуваат болести, меѓу кои и беснило. Миленичињата е добро да се држат на врска, а ако животното делува болно или агресивно, треба да се извести надлежната служба.
Tagged as:
беснило Горица 1 диви животни дивиот свет во градот лисица лисица на улица ноќна снимка предупредување Хотел Парк
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
