Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Во вечерните часови претежно во планинските региони ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 10 степени. Најтопло ќе биде во Велес, Демир Капија и во Гевгелија, со температура до 39 степени Целзиусови.

Во Скопје утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и со грмежи.
Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремен дожд и грмежи, особено во попладневните часови и во текот на ноќите.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и со појава на град.
Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
