Background

Величковски од Народната банка: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

„Влезот во СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) ќе овозможи побрзи и поевтини плаќања во двете насоки, како за одливи, така и за приливи. Притоа, Народната банка веќе презема активности за олеснување на извршувањето и на приливните плаќања, вклучувајќи ги и приливите врз основа на доход којшто се остварува во странство. Во таа смисла, се предвидува приливите од странство да му се ставаат на располагање на платежната сметка на примачот веднаш, а најдоцна следниот работен ден, без приложување документи за причината на приливот кај најголемиот дел од приливите од странство, со исклучок на одредени приливи поврзани со капиталните трансакции за коишто се предвидени законски ограничувања до влезот на земјата во Европската Унија.“

Ова го истакна Игор Величковски, директорот на Секторот за операции на финансиски пазари и платни системи во Народната банка, во интервју за „Македонското радио“, како одговор на многуте прашања коишто ги поставуваат младите кои работат за фирми во странство, а платата ја примаат на својата девизна сметка во земјава.

Величковски нагласи дека со влезот во СЕПА преносот на парични средства во евра ќе стане уште поедноставен и побрз, овозможувајќи им на граѓаните и компаниите преку користење на своите мобилни апликации или електронското банкарство да ги извршуваат плаќањата во евра на лесен начин со внесување минимален сет податоци во платниот налог.

- Advertisement -
Ad image

„За пренос на средствата ќе бидат потребни само неопходните податоци за извршување на плаќањето, како што се називот и бројот на сметката на плаќачот и примачот, износот и основата за плаќањето, со што значително ќе се олесни иницирањето на плаќањата од граѓаните и компаниите во кое било време и место. Плаќањата со кредитни трансфери во евра од која било земја членка ќе се извршуваат за неколку часа во текот на денот, додека инстант плаќањата во евра за помалку од 10 секунди“, истакна Величковски, осврнувајќи се на последните податоци од платежната статистика на Народната банка за 2024 година од кои се согледува дека 2 од 3 електронски платни налози во денари во земјава се извршени од граѓаните со користење мобилни апликации. Притоа, на граѓаните им е сѐ поважна едноставноста и брзината на плаќањата, поради што користењето на мобилните апликации бележи годишен раст од 47% кај бројот, односно 72% кај вредноста на остварените трансакции.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation