Во понеделник, 13 јануари 2025 година, во 13:00 часот во Струга, ќе му биде оддадена последна почит.
Роден на 30 април 1943 година во Долна Белица, Бајо уште од млади години го посвети својот живот на пишувањето и на новинарството. Како член на Друштвото на писатели на Македонија, Бајо остави длабок белег во македонската книжевност. Со своите дела, меѓу кои романите „Црвените птици над Рим”, „Часовник од цвеќе”, „Камено сонце”, збирката раскази „Живот”, како и трите тома ,,Мојата Струга”, тој создаде светови што зборуваат за човечките судбини и вечните вредности.
Но, Наум Бајо не беше само книжевник. Неговата работа како новинар и хроничар на животот на Струга и нејзините луѓе беше непроценлива. Неговите записи ги оживуваа спомените за старите занаети, истакнатите личности и настаните кои го обликуваа градот.
За неговиот придонес, Бајо во 2022 година ја доби престижната награда „Петковиот аманет” за животно дело, со што неговата работа беше официјално признаена и прославена. Неговите дела, исполнети со длабока човечност и љубов кон родината, ќе останат како незаборавно сведоштво за едно време и за еден човек кој не се покоруваше пред злото.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
