Background

Уставен ќе пресече за мандатот на членовите на СЈО

Уставниот суд на утрешната седница ќе одлучува по иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска во врска со тоа дали стажот на членовите на Советот на јавни обвинители влегува во т.н „позитивно оценет јавнообвинителски стаж“.

Ристоска спори дека членовите на Советот на јавни обвинители со Деловникот утврдиле дека додека им трае мандатот во Советот, тој им се смета исто како да ја вршат функцијата јавни обвинители, а за тоа нема законска основа.
Во иницијативата со која го оспорува член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот за јавни обвинители, кој гласи: Мандатот на членовите на Советот избрани од страна на јавните обвинители влегува во позитивно оценет јавно-обвинителски стаж, освен во случаи предвидени во член 35-а од Законот за Советот на јавните обвинители.

„Во иницијативата е наведено дека оспорената одредба е во спротивност со Амандманот 3 од Уставот, членот 7 од Законот за Совет на јавни обвинители и членовите 36 и 62 од Законот за Јавното обвинителство. Подносителката наведува дека за времетрањето на мандатот, членовите на Советот на јавни обвинители избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани, односно тие во конкретниот период не може да реализираат „позитивно оценет јавно-обвинителски стаж”. Се тврди дека станува збор за прашање кое не може да се уредува со деловник , бидејќи изворно не е уредено со законски пропис, па се остава впечаток дека членовите сами си доделиле право и поволност кои законодавецот не им го гарантирал. Од ова придобивка имаат самите членови, кои по завршување на мандатот во Советот на јавни обвинители се унапредени во повисоки позиции во јавните обвинителства“, се наведува во иницијативата на Ристоска, пренесува Уставниот суд.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation