Background

Успех или срам? Охрид доби уште пет години „грејс период“ да стане тоа што одамна требало да биде

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на листата на светско наследство во опасност. Со тоа, државата доби дополнителен рок од пет години да ги спроведе препораките за заштита на природното и културното наследство.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, оваа одлука ја претстави како голем дипломатски успех, резултат на активна и координирана дипломатија. Но прашањето кое останува е едноставно, за каков успех всушност станува збор?

Наместо да се слави, многумина сметаат дека треба да се постави прашањето дали е нормално, па дури и срамно, да се зборува за успех, кога всушност станува збор за уште еден добиен грејс период. Наместо конечно решение, државата повторно доби рок, овој пат пет години, за да го стори она што требало да го направи многу одамна, да престане да толерира дивоградби, нелегално цртани урбанистички парцели и системско уништување на едно од најзначајните природни и културни богатства во регионот.

- Advertisement -
Ad image

Веднаш по објавата на одлуката, провладината медиумска машинерија со полн капацитет тргна да го претстави неуспехот на државата како голема победа. Наместо реален осврт кон годините на невнимание, дивоградби и институционален хаос, јавноста беше преплавена со наративи за дипломатски триумф, наместо со прашања за одговорност и за причините поради кои воопшто било потребно уште едно продолжување на рокот.

Затоа, критичарите потенцираат дека тоа не е успех на институциите, туку показател колку длабоко запуштена е состојбата со заштитата на Охридскиот Регион. Фактот што власта дозволувала градби таму каде што ниту еден нормален човек не би требало да гради, а сега истото тоа се прикажува како лична дипломатска победа, за многумина е понижувачко за државата, а не повод за гордост.

Според оваа гледна точка, единствениот вистински успех е персонален, успех за поединци кои со политички наративи и медиумска поддршка трансформираат системски пропусти во сопствен пиар момент, додека реалните проблеми на теренот, дивоградбите, урбанистичкиот хаос и заштитата на езерото, остануваат нерешени и понатаму.

Наредните пет години ќе покажат дали овој „успех“ навистина ќе се претвори во трајна заштита на Охридскиот Регион, или повторно ќе завршиме на исто место, барајќи уште еден дополнителен рок.

С.ДЕНЕСОВСКИ

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation