Background

Уште 13 лица завршија зад решетки во аферата што со месеци ја бранува Грција

Уште 13 лица завршија зад решетки во аферата што со месеци ја бранува Грција.

Рано утрово грчката полиција започна голема операција во регионите околу Кожани и Агринио. Цел на акцијата била мрежа осомничена дека преку лажни пријави и фиктивни барања незаконски присвоила повеќе од 2,5 милиони евра европски земјоделски субвенции.

Меѓу уапсените има управител и вработен во Центар за прием на барања за субвенции. Истрагата опфаќа вкупно 39 лица.

- Advertisement -
Ad image

Според грчката полиција, случајот се истражува како измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија и давање лажни изјави.

„Се проценува дека незаконската финансиска корист надминува 2,5 милиони евра, а паралелно се утврдени и даночни прекршоци“, соопштија истражителите.

Но ова е само ново поглавје во многу поголем скандал.

Две акции за неколку дена, десетици уапсени

Само минатата седмица грчките власти спроведоа две одвоени операции во Солун, Кукуш, Сер, Атина и на Крит. Во тие акции беа уапсени уште 39 лица.

Според истрагата, преку различни шеми биле извлечени повеќе од седум милиони евра европски средства. Сега властите проверуваат дали двете мрежи биле поврзани и дали зад нив стоел поширок систем што функционирал со години.

Токму тоа прашање ја претвори аферата од полициски случај во политичка бомба.

Како функционирала шемата?

Во центарот на скандалот е грчката агенција ОПЕКЕПЕ, задолжена за распределба на европските земјоделски субвенции. Истражителите тврдат дека со години лица кои немале земјиште, добиток или реална земјоделска активност успевале да добијат европски пари.

Системот особено се проширил по реформите на Заедничката земјоделска политика на Европската Унија во 2014 година. Оттогаш субвенциите повеќе се врзувале за пријавена површина отколку за бројот на грла добиток.

Недоволно средениот катастар и нејасната сопственост на дел од земјиштето создале простор за масовни злоупотреби.

Имало и случаи на земјоделски површини во воени зони. Во истрагата се споменуваат дури и насади на банани на подрачја каде такво производство практично не постои.

Афера што ја прекрои владата

Политичките последици веќе се видливи. Откако европските обвинители ги проширија истрагите, во април неколку високи функционери поднесоа оставки.

Меѓу нив беа и тогашниот министер за цивилна заштита Јоанис Кефалојанис, министерот за земјоделство Костас Цијарас и заменик-министерот за здравство Димитрис Варцопулос.

Следуваше реконструкција на владата. Мицотакис беше принуден да менува министри во обид да ја намали политичката штета и да покаже дека државата има контрола врз ситуацијата.

Иако најновата акција се однесува на околу 2,5 милиони евра, се шпекулира дека вкупниот износ што го истражуваат грчките и европските органи е далеку поголем.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation