Background

Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава против двајца сопственици и управители на компанија, како и против самото правно лице, поради сомнение за даночно затајување, со кое, според наводите, Буџетот на државата бил оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари

Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава против двајца сопственици и управители на компанија, како и против самото правно лице, поради сомнение за даночно затајување, со кое, според наводите, Буџетот на државата бил оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари.

Од Финансиската полиција информираат дека пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство Скопје, а се однесуваат на сомнителни финансиски активности во периодот од 2016 до 2025 година.

Според наводите во пријавата, првопријавениот Н.О., државјанин на Турција, кој бил реален сопственик и управител на фирмата во периодот од 2016 до 2021 година, по доставувањето на последната завршна сметка, во која била прикажана нето-загуба од 834.571 денар, ја променил сопственичката и управувачката структура на компанијата.

- Advertisement -
Ad image

Како нов сопственик и управител бил евидентиран второпријавениот.

Финансиската полиција тврди дека за деловните години 2022, 2023, 2024 и 2025 не биле изготвени и поднесени завршни сметки, поради што трговска стока во вредност од 32 милиони денари била неосновано присвоена.

Дополнително, според пријавата, не биле пресметани, пријавени и уплатени обврски за данок на додадена вредност во износ од 5,7 милиони денари, како и данок на личен доход од 3,5 милиони денари.

Од Финансиската полиција наведуваат и дека пријавените не ги отпишале, ниту ги прикажале како приходи застарените краткорочни обврски кон добавувачи постари од три години, во вкупен износ од 32,8 милиони денари. Поради тоа, според сомнежите, не бил пресметан и уплатен данок на добивка од 3,2 милиони денари.

Со сите овие дејствија, како што се наведува во пријавата, пријавените не ги исполниле даночните обврски во вкупен износ од 12.615.871 денар, со што била нанесена штета на Буџетот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation