УНИШТЕНА НЕПРОЦЕНЛИВА НАКОЛНА НАСЕЛБА ВО МЕСНОСТА „СТУДЕНЧИШТА“,ЈО ОХРИД, СВР ОХРИД И ЗАВОД И МУЗЕЈ ,МОЛЧАТ,ДО КОГА???

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уништено вредно археолошко праисториско наоѓалиште  од непроценливо историско – култрурно значение за Република Северна Македонија,старо над 4000 години, дознава редакцијата Охридскај.

При ископ на темели за комплекс згради ,во месн оста викана „Студенчишта“ или по охридски „М’зија“, на улица „Асном“, на само 150 метри од обалата на Охридско Езеро, и на само 100 метри одалечено од каналот на „Билјанини Извори“ ,како што дознаваме од страна на изведувачот на градежните работи,во дел на парцелата, биле пронајдени над 4000 дрвени колци и други остатоци на Наколна Населба.Според сознанијата до кој дојде редакцијата Охридскај, од страна на изведувачот истите биле веднаш уништени ,а на дел од парцелата веднаш се поставил армиран бетон!!!

НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и ако имал законска обврска да врши надзор при ископ на градилиштето ,повеќе од фактот дека во непосредна близина на овој објект ,веќе во минатото имало археолошки објекти , кој биле пронајдени при ископ на градби,не извршил никаква конторла ,а според информации на редкацијата ,надлежните во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, до ден денешен немале информација за вакво уништување на културно историски аархеолошки локалитет од непроценливо значение, но еве сега можат да дознаат по ДОПРЕН ГЛАС, но нашите информации говорат дека поранешното раководтсво на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид имало сознанија но не постапувале од одредени политички-бизнис притисоци.

Наколните надводни живеалишта како начин на човечко егзистирање во специфична микросредина се особено карактеристични за праисторискиот период и тоа од времето на неолитот-младото камено доба, енеолитот-бакарното доба, бронзеното и железното време,но зошто сеуште се дозволува нивно уништување во строго заштитена зона -Студенчичко блато??

ЈО ОХРИД,СВР ОХРИД, УПРАВА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО,ЗАВОД И МУЗЕЈ ОХРИД, како најповикани органи , должни се веднаш да постапат и излезат на терен ,да ја проценат настаната штета ,но и да извршат увид во останатот дел на парцелата и доколку локалитетот завзема и друга површина, согласно Закон на терет на инвеститорот ,да извршат додатни археолошки ископувања и заштита на културно историското богатсво на државата.

ДОКОЛКУ ЈО ОХРИД,СВР ОХРИД, УПРАВА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО,ЗАВОД И МУЗЕЈ ОХРИД, ВЕДНАШ НЕ ПОСТАПАТ ПО ДОПРЕН ГЛАС ИСТИТЕ , СТАНУВААТ СООЧЕСНИЦИ ВО КРИМИНАЛ ОД НЕСОГЛЕДИВИ РАЗМЕРИ.

Продолжува…Кој стои зад урбаната мафија?

Истарживачка мрежа Охридскај

Share This Article