Бранот содржини генерирани од вештачка интелигенција (ВИ) претставува сериозна закана за егзистенцијата на независните уметници. Главниот проблем произлегува од лажните профили на Instagram и Facebook, кои ги копираат делата на вистинските уметници и заработуваат од нив.
Поради оваа причина – како и поради најавените промени во условите за користење на Meta – сè поголем број креативци одлучуваат да ги избришат своите профили и да ги напуштат овие платформи, пренесува CNN.
Во 2024 година, британскиот акварелист Мети Бурнам откри профил на Pinterest кој користел вештачка интелигенција за да создава копии од неговите слики, продавајќи ги преку измамнички продавници на Facebook, Instagram и Shopify. Ваквите профили често имаат стотици илјади следбеници кои веруваат дека го следат вистинскиот уметник, додека измамниците заработуваат преку реклами и лажни онлајн продавници.
Слично искуство имал и современиот уметник Ендрју Скот, кој живее во Њујорк. Откако се соочил со поединец кој ги користел неговите оригинални уметнички дела за создавање видеа генерирани од вештачка интелигенција – од кои едното достигнало дури 50 милиони прегледи – лицето едноставно престанало да го следи и продолжило да објавува копии. Контроверзните правила на Meta – „капката што ја прелеа чашата“
Дополнителен револт предизвикаа најавените промени во условите за користење на Meta, кои ќе им овозможеа на автоматизираните системи да собираат податоци од надворешни веб-страници поврзани со деловни профили – вклучувајќи портфолија и онлајн продавници – без експлицитна дозвола од сопствениците.
Иако Meta – по острите реакции – на 5 ноември неодредено ја одложи примената на овие правила, наведувајќи дека сака да води дополнителни разговори со сите засегнати страни, за многумина веќе беше предоцна.
Американската фотографка Саманта Валдрон ги избриша сите свои професионални и лични страници на Facebook и ги отстрани линковите од својот профил на Instagram, истакнувајќи дека почувствувала олеснување. Меган Вимберли, основачка на организацијата „Cowgirl Artists of America“ (Уметнички каубојки на Америка), започна протестна кампања за бојкот на „Meta“ и моментално е во процес на бришење на сите свои кориснички сметки.
Таа предупредува дека проблемот не ги засега само уметниците: „Ако сте мајка и објавувате фотографии од вашите деца, можно е несвесно да ѝ давате дозвола на ’Meta‘ да ги користи тие фотографии за обука на вештачка интелигенција“.
Според „The Guild of Artists and Artisans“ (Еснаф на уметници и занаетчии), многу креатори веќе објавија проштални пораки на „Facebook“ и „Instagram“, префрлајќи се на алтернативни платформи како „Patreon“ и „Substack“ – целосно свесни дека притоа ризикуваат да изгубат дел од своите клиенти.
Сè повеќе компании го користат „ChatGPT“, но експертите предупредуваат на еден проблем: Кој управува со податоците?
Нерамноправна битка со брзината на вештачката интелигенција
Канадската керамичарка Ненси Чен вели дека, поради страв од кражба, ретко објавува висококвалитетни фотографии од процесот на изработка на своите дела. Таа предупредува дека поединецот не може да се натпреварува во брзина и цена со машина која за неколку секунди создава безброј копии.
Од друга страна, „American Institute of Graphic Arts“ (Американски институт за графички уметности) наведува дека уметниците сепак можат да ги заштитат своите авторски права и да пријават плагијатори, а и самата „Meta“ истакнува дека нуди центар за пријавување прекршувања на интелектуалната сопственост. И „Google“ се вклучи во борбата за транспарентност, нудејќи ѝ на јавноста бесплатна алатка наречена „SynthID Detector“, со која може да се провери дали некоја слика, видео или аудио запис се создадени со помош на вештачка интелигенција.
Сепак, уметниците се скептични и сметаат дека ниту технолошките гиганти, ниту владите не прават доволно за да го заштитат човечкиот труд. „Се надевам дека јавноста ќе продолжи да го отфрла овој модел на генеративна вештачка интелигенција“, заклучи Барнам.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
