Background

Украинци се преправале дека се повлекуваат, па ги намамиле Русите во стапица

Со глумење пораз и повлекување, војниците на украинскиот 225-тиот јуришен баталјон намамиле голема руска група во стапица во западна Русија, во областа Курск.

Додека прекумерно самоуверените Руси напредуваа кон шумата со дрвја во близина на селото Свердликово, уверени дека конечно ќе го освојат, украинскиот високомобилен ракетен систем ХИМАРС ги таргетираше од далечина од неколку десетици километри, пишува Форбс.

Под надзор на украинско беспилотно летало, проектил М30/31 расфрли десетици бомби со големина на гранати низ шумска област.

- Advertisement -
Ad image

– Во нападот беше уништен значителен дел од непријателските сили, а нашите единици потоа се вратија за да го завршат расчистувањето на територијата – известија од 225 јуришен баталјон.

 

Заседата извршена во четвртокот беше резултат на внимателна координација меѓу баталјонот, единиците на фронтот и блиската бригада. Ваквите потези објаснуваат зошто руските и севернокорејските загуби се толку високи во изминатите три месеци, откако 60.000 руски војници во Курск ги засилија нападите со цел да избркаат 20.000 украински војници од 650 квадратни километри територија што ја контролираат во регионот од август.

Русите и Севернокорејците постојано напаѓаат по истите патишта кои водат до градот Шуџа, клучното упориште на Украина, се повеќе пеш, со премала поддршка. Пешадијата е исклучително ранлива на артилериски напади, особено кога е групирана во однапред одредени зони за уништување.

За да ги намами Русите во таа зона кај Свердликов, 225-от јуришен баталјон извршил однапред планирано повлекување од своите позиции.

– Кога непријателот, верувајќи во неговиот „успех“, внесе значителни сили во областа, ние ги гаѓавме со касетна муниција испукана од ХИМАРС – соопштија од баталјонот.

Не е познато колку Руси учествувале во нападот, ниту колку се убиени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation