Украински мажи на возраст од 23 до 60 години кои бегаат од војната во Украина, а не се ослободени од воена служба, повеќе нема да можат да добијат привремена заштита во Германија и би можеле да се соочат со депортација, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.
Министерството соопшти дека ограничувањето се однесува на мажите кои пристигнале во Германија од 31 јули годинава, кога стапила во сила соодветната одредба од одлуката на Советот на ЕУ.
Според одлуката на Советот на ЕУ, привремена заштита се доделува само на лицата чија „воена обврска во Украина е исполнета“.
За да го потврдат тоа, украинските мажи треба да достават доказ дека легално ја напуштиле Украина или дека се ослободени од воена служба, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.
Новото правило не се однесува на украинските мажи на возраст од 23 до 60 години кои биле во Германија до 31 јули и веќе имаат привремена заштита, според член 24 од Законот за престој.
Привремената заштита за нив, како и за останатите украински бегалци во Германија, автоматски се продолжува до март 2028 година, согласно одлуката на Советот на ЕУ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
