Досегашниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ (СДП) освои 77,86%, а Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии 22,14% од гласовите на денешниот втор круг од претседателските избори во Хрватска, покажуваат излезните анкети.
На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска од 7 до 19 часот се гласаше во вториот круг од претседателските избори.
Се очекуваат првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК).
Во првиот изборен круг учествуваа 8 кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1% освоени гласови и Приморац со 19,35% поддршка од гласачите.